Monday, June 23, 2014

Диета Диета Диета!!!

Ова е диетата која се препорачува за пациентите болни од дијабет. Иаку на прв поглед делува рестриктивно, всушност има доволно за јадење, така да човек со просечна големина нема никогаш да се чувствува гладен. Се разбира, доколку сакате да ослабите, веројатно би било паметно ситните жени да одземат една до две лебни единици а крупните мажи да додадат две - три (за да не го гризнат комшијата што има месести уши)

Рационалето зад оваа диета е следното: Пациентите честопати ме прашуваат - „до кога треба да се држи диетата?“. Одговорот би бил отприлика овој: „До крајот на животот, па уште 7 дена по смртта и после тоа можеш да јадеш што сакаш и колку сакаш.“ Диетата за дијабетичари всушност претставува здрав начин на исхрана кој ќе ви овозможи да ја ставите под контрола својата телесна тежина. Иииии, тоа всушност е начин на исхрана кој би требало да го држат сите а не само оние кои се болни од дијабет.

толку, enjoy!

Медицински Факултет - Клинички центар
КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА И БОЛЕСТИ НА МЕТAБОЛИЗМОТ - Скопје

ДИЕТА 13 лебни единици (5.4 МЈ = 1300 Kcal)
(150 грама јагленихидрати, 70 грама белковини, 40 грама масти)

------- ПОЈАДОК --- 3 Лебни единици -------

2х парче леб (30 грама)
маргарин (путер, павлака, мајоне или кајмак) - 6 грама
Млеко, јогурт или кисело млеко 250 милилитра
Посно сирење 50 грама или замени

------- УЖИНА --- 1 Лебна единица -------

Сезонско овошје по избор - 1 Лебна единица

------- РУЧЕК --- 4 Лебни единици -------

Супа или чорба од зеленчук 250 - 300 милилитри
2х парче леб (30 грама)
Месо (живинско, говедско) - 90 грама
или Риба - 150 грама
Пире од компир - 180 грама
Зеленчук А по желба

------- УЖИНА --- 1 Лебна единица -------

Сезонско овошје по избор - 1 Лебна единица
или 2 бисквита - 1 Лебна единица

------- ВЕЧЕРА - 3 Лебни единици -------

2х парче леб (30 грама)
Млеко, јогурт или кисело млеко 250 милилитра
Една варена виршла, јајце и ли замена.

------- УЖИНА ПРЕД СПИЕЊЕ--- 1 Лебна единица -------

Сезонско овошје по избор - 1 Лебна единица

----------------------


Упатство за исхрана на луѓето со дијабетес

Една лебна единица содржи 10 - 12 грама јаглени хидрати

ЛЕБ ЖИТАРКИ И ТЕСТЕНИНИ - 1 лебна единица
Леб 30 грама, Ѓеврек 20 грама, Бисквити 20 грама, варени макарони (или фиде) 50 грама, овесни снегулки 20 грама, пченкарни снегулки 15 грамач пуканки 15 грама, гриз, брашни и нишесте - 15 грама

МЛЕКО, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ И ШЕЌЕР - 1 лебна единица
Пресно или кисело меко 250 милилитри, обошен јогурт 100 милилитри, мармалад - 25 грама, мед 15 грама, недиетална млечна чоколада - 30 грама, бел кристален шеќер - 12 грама.

КОМПИРИ, ОРИЗ И ВАРИВА - 1 лебна единица
Варен компир - 75 грама, пржен компир - 35 грама, пире од компир - 90 грама, варен ориз - 50 грама, варен грав, леќа - 50 грама, грашок 130 грама.

ЗЕЛЕНЧУК А - ЗАНЕМАРЛИВА КОЛИЧНА ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ
Свежа или кисела зелка, домати, пиперки, спанаќ, краставица, зелена салата, боранија, магдонос, ротквиви, целер, праз, карфиол, тиквички, тиква, син домат. Се зема колична по желба.

ЗЕЛЕНЧУК Б - 1 лебна единица оговара на 200 грама
Цвекло, моркови, кромид, лук, репка

ОВОШЈЕ И ОВОШНИ СОКОВИ - 1 лебна единица
Јаболко, круша - 100 грама, праска, кајсија - 140 грама, црни сливи, смокви, грозје, банана - 70 грама. Цреши, вишни, боровинки - 100 грама. Диња, малини, капини, портокал, мадарини, цитрон, киви, јагоди - 140 грама. Лубеница - 210 грама. Овошен сок 110 милилитри.

МЕСО И МЕСНИ ЗАМЕНИ - НЕ СОДРЖАТ ЈАГЛЕНИХИДРАТИ
30 грама месо може да се заменат со 30 грама црн дроб, 40 грама шунка, 50 грама печеница, виршли, колбаси, 50 грама пастрмка, 40 грама лигњи, едно јајце, 25 грама овчо сирење, 50 грама кравјо сирење.

ЗАБЕЛЕШКИ

Сите наведени количевства се однесуваат на варени продукти. Да не се јадат повеќе од 2 - 3 варени јајца неделно.(Забелешка на забелешката: според поновите сознанија ова не е точно, јајцето е здрава храна, но јас го оставив за да бидам верен на оригиналниот текст)

Може внимателно да користите вештачки заслдувачи

Не прескокнувајте оборци и равномерно распоредете ги лебните единици во текот на денот (главен оброк е оброк што содржи повеќе од 2 лебни единици, а ужината содржи до 2 лебни единици)

Не ја досолувајте храната.